На 50-годишниот јубилеј он-лајн фестивал „Илинденски денови“ во Битола

Во изминатиот половина век, запишан во мемоарите на битолчани со своето дефиле, фестивалски вечери, концерти, работилници, семинари и гости од целиот свет, својот 50-годишен јубилеј ќе го одбележи Републичкиот Фестивал на народни песни и игри. Оваа година, гостите кои ќе ја претвореа Битола во шарена фолклорна разгледница ќе ги гледаме во делот на он-лajн фестивалските настани, во соработка со Интернационалниот совет на фолклорни фестивали при светската организација ЦИОФФ, чиј лиценциран фестивал е токму „Илинденски денови“ од Македонија.

„Новата нормалност и ситуацијата со Ковид-19 ги погоди и фолклорните друштва од нашата земја но и целиот свет, а ние со симболичното одбележување на овој голем фестивал, го правиме тоа и во нивна чест. Овој јубилеј е токму тоа, чест, визија, посветеност, аманет, и љубов“, изјави Маја Андоновска-Илијевски директорка на Центарот за култура во Битола која го организира овој фестивал и претседателка на Советот на фестивалот.

Таа појасни дека оваа година во рамки на фестивалот ќе се одржат изложби во Центарот за култура Битола, во Магазата и салата за изложби во Завод и Музеј Битола, ќе биде одржан и  саем на книга инспириран од фолклорни мотиви во пишаниот збор, етно филмови на отворено, исто така стручно научен собир на тема  „Академски такт за фолклорот и етнологијата“, како и семинар кој исто така ќе биде онлајн, детска ликовна работилница , и четири концертно-вокални инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.

„Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови , ќе биде организиран со почитување на сите протоколи: задолжителна дистанца, задолжително носење маски и средства за дезинфекција. Четирите концертно вокални вечери во Пациото при Завод Музеј и Галерија во Битола ќе бидат по сите правила и протоколи, како за публиката така и за изведувачите. Фолклорните друштва немаат протокол за работа и затоа оваа година за жал нема да имаме ора, сплетови и кореографии од богатата традиција на нашиот народ, но нивните членови ќе бидат драги гости на фестивалот како публика, бидејќи благодарејќи на сите нив, нашиот фестивал се запишал како најстар фестивал во Битола и 50 изданија е бројка за почит“, додава Андоновска-Илијевски.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе