ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ

На 29 март концерт на Хуверфоник со Македонската филхармонија

Ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот наш концертен проект за оваа година кој со задоволство сакаме да го најавиме. Вака Авалон продукција го најавува нивниот нареден проект.

Во Скопје на 29 март ќе се одржи концертот на извонредниот трип хоп бенд Хуверфоник (HOOVERPHONIC). Ова е дел од нивната балканска турнеја во организација на Авалон и во Загреб, Белград и во Софија.

Скопскиот концерт ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд.
Хуверфоник е белгиски бенд основан во 1995 година кој веќе има осум студиски албуми и неколку компилациски изданија.

Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи 11 нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.
Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“...

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе