На 14 април концерт на Вејчеслав Поповски во МОБ

Младиот уметник Вејчеслав Поповски на 14 април во Македонската опера и балет ќе одржи гала-концерт насловен „Љубовна елегија".

На концертот ќе бидат изведени едни од најстарите македонски народни песни: „Калеш Анѓа“, „Бор садила мома Евгенија“, „Билјана платно белеше“, „Саноќ седам Трено“, „Кажи, кажи, либе Стано“. Аранжманот е на Вејчеслав Поповски, кој ќе настапи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.

Вејчеслав Поповски има 17 години и досега има настапувано на фестивалите во Македонија и во странство. На 11 години го снимил првото солистичко цеде „Бисери“.Со „Бор садила мома Евгенија“, Вејчеслав дебитираше и во „До Балчак-приказна од Дивиот Исток“. Во 2013 година на Светскиот музички шампионат во Холивуд ја доби титулата „Светски шампион во три стила - опера, латино и отворен стил“.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе