„The Rock and Roll Hall of Fame“ ќе го опише Хендрикс како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок музиката“. Американскиот гитарист, пејач и текстописец се смета за еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика.
„ЗЏМ биг бендот ќе изведе дел од музиката на оваа музичка легенда со биг бенд аранжмани, при што специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин. Овој концерт е уште една причина да го посетите Охрид ова лето и да уживате во музиката на Џими Хендрикс, во волшебниот амбиент на Долни Сарај“, наведуваат од Здружението на џез музичари и слободни уметници.