Музичарите повикаа: Дојдете заедно да го прославиме Денот на независноста - Македонија слободна, слободно живее

Централната прослава за Денот на независноста на Македонија ќе почне на 07 септември, во 17.30 часот, на платото пред објектот на Владата на РМ. Музичарите кои ќе настапат на прославата, со свои пораки им го честитаа празникот на граѓаните на Република Македонија и ги повикаа заедно да го прослават Денот на независноста.

„Првпат групата Љубојна настапува на еден ваков голем празник, празник кој на сите ни значи, и со радост и со љубов си го носиме во срцето. Музиката одсекогаш била таа која што имала главен акцент во целиот културен мозаик на Македонија. Тоа е нешто кое што најмногу е поврзано со слободата на изразувањето, со човековата слобода“, изјави Вера Милошевска од групата „Љубојна“.

„Со драго срце ја прифатив поканата да бидам дел од овој музички хепенинг. И како би можеле поинаку да го прославиме денот на државноста, ако не со добра музика. Им го честитам денот на државноста на сите граѓани на Република Македонија“, рече Бени Шакири од групата „Нон-стоп“.

Иконата на македонскиот рок-енд-рол, Влатко Стефановски, кој после долго патување и настапи надвор од Македонија, вели дека е среќен што повторно ќе настапува на денот на независноста, и потсети дека тој, исто така, настапувал на прогласувањето на независноста во 1991 година.

„Би сакал да ве поздравам, да ви го честитам празникот 8 Септември, и мене ми е драго што со еден ваков концерт, голем рок-концерт, го одбележуваме празникот. Тоа зборува за едно ново чувство, за еден нов дух кој во моментов е присутен во Македонија“, изјави Влатко Стефаноски.

На централната прослава ќе настапат повеќе музички изведувачи: Биг бенд на Здружението на џез музичарите на Македонија, „Љубојна“ со специјалниот гостин Џамбо Агушев, Бени и „Нон-стоп“ со специјален гостин Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, „К’пурдат“ од Тетово, „Шутка Рома Рап“ и хип-хоп артистот Слаткар, известија од Секторот за односи со јавноста при Влада на Република Македонија.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе