МЛАД ТАЛЕНТ

Младиот пијанист Арда Мустафаоглу ги заокружи концертните настапи во Италија и Германија

Со концерт во аудиториумот „Klаудио Монтеверди“ во Мантова (Италија), младиот пијанист Арда Мустафаоглу ги заокружи концертните настапи во Италија и Германија.

Настапот во Италија е во рамките на седумнаесетото „Музичко лето“ организирано од музичкиот конзерваториум „Lucio Campiani“, на кој традиционално учествуваат сите победници од овогодишните музички натпревари во Италија. Своето учество на оваа манифестација Арда го обезбеди со победата на престижниот пијанистички натпревар „Антонио Салиери“ во април годинава.

Од 13 до 21 август, Арда Мустафаоглу имаше концертни настапи во германските градови Дурен и Ахен, како и во куќата на Шуман во Бон. Овие концерти се дел од наградата освоена на пијанистичкиот натпревар „Pianisti i ri“ во Тирана (Албанија).

Учеството на овие концертни настапи е помогнато од Министерството за култура.

До крајот на годинава Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички концерти и пред македонската публика.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе