Џулиард

Младиот виолинист Иванов е примен на школата за талентирани на Цукерман и на најпрестижната музичка школа во светот Џулиард

Младиот македонски виртуоз на виолина Александар Иванов, кој веќе е одлично етаблиран на македонската музичка сцена, деновиве доби известување дека е примен на студии на најпрестижната музичка школа во светот Џулиард. Истовремено, тој е примен и на Менхетн школата во специјалната програма за талентирани кај светскиот виолинист Цукерман. Младиот Иванов сепак се одлучил за школата Џулиард.

Александар Иванов (18) е најмладиот добитник на наградата „Виртуози” во категоријата „Млад музички уметник” за 2015 година, манифестација во организација на Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композиторите на Македонија.

Од 2015 година Александар Иванов приватно работи со светски реномираниот виолинист Светлин Русев, професор на Парискиот конзерваториум и концерт-мајстор на оркестарот на Радио Франс и Женевската филхармонија.

Иванов е примен на Ројал колеџ оф мјузик во Лондон за учебната 2018 година, но од финансиски причини мораше да паузира една година.

Покрај големиот број државни награди, Иванов е добитник и на повеќе значајни меѓународни награди меѓу кои: третата награда на виолинскиот конкурс „Недјалка Симеонова”, Бугарија (2013); Лауреат од втор степен - меѓународен конкурс во Москва, Русија (2014); Лауреат од прв степен на виолинскиот конкурс во Санкт Петерсбург, Русија (2015); прва награда на натпреварот со Дунавскиот симфониски оркестар и Надја Неволович - професор, Специјална награда од Дунавскиот симфониски оркестар и Андраш Дек - диригент (2016), награда на Виолински конкурс во Осака, Јапонија...

Во текот на своето школување посетувa голем број мастер класови кај еминентни светски виолинисти: Ноа Џелер, Луис Каплан, Кшиштов Венџин, Леонид Кербел, Светлин Русев, Вадим Репин, Надја Невелович, Веско Пантелеев – Ешкенази, Стефан Миленковиќ...

Иванов настапувал со диригентите Борјан Цанев (шеф диригент на македонска филхармонија), Андраш Дек (шеф диригент на Дунавскиот симфониски оркестар), Веско Пантелеев – Ешкенази концертмајстор на концертгебау, Амстердам, Џошуа Гирсен (асистент диригент на Њујоршката филхармонија), Марк Расел Смит, Пол Брајан (декан и главен диригент на Кертис инситутот за музика - Curtis Institute of Music).

Александар постојано е присутен на музичката сцена во Македонија, но и надвор од неа.

Изминатиов период во Виена бележи голем број солистички камерни настапи. Настапувал на Европскиот музички фестивал во Софија; Виолин фест, Скопје; Златна лира, Скопје; Curtis Summerfest, Philadelphia (како концертмајстор на оркестарот под палката на Џошуа Гирсен) и снимал за WRTI Radio (live 90.1 FM), Филаделфија, ПА, САД.

На отворањето на Деновите на македонската музика 2018 година му се укажува честа премиерно да го изведе виолинскиот концерт на младиот и талентиран македонски композитор Филип Иванов. Инспириран од виртуозноста на својот брат Александар, Филип му го посветува својот прв виолински концерт токму нему.

Неговиот делотворен уметнички пат го антиципираа повеќе еминентни музичари, меѓу кои музикологот Марко Коловски, кој после минатогодишното отворање на Деновите на македонската музика каде Александар настапуваше како солист со Македонската филхармонија ќе каже: „Александар Иванов навести дека ние конечно ќе добиеме виолинист што ќе може да оствари светска исполнителска кариера”. Во 2016 година во еден странски портал излезе статија со наслов: „Тинејџерот Александар Иванов - македонскиот Паганини на патот кон врвот”.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе