На 12 јули на Д Фестивал во Дојран

Мјузик мен, нов сингл на Кирил Џајковски (ВИДЕО)

Кирил Џајковски го објавува својот нов сингл „Music Man", кој е претставен и со видео на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на Филтер лабел.

Повторно во соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката, за што сведочи и видеото од последниот настап на Кирил во Скопје.

 Во петок, 12-ти јули, врвниот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на Д Фестивал во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе