Министерството за култура за одложувањето на Оффест: Скопје џез фестивал не го потпишува договорот, а не ние

Нејасно е прозивањето на Министерството за култура од страна на организаторот на Оффест, Скопје џез фестивал. Договорот за учество во финансирањето на Оффест е навремено доставен до организаторот, Скопје џез-фестивал, но апликантот не само што не го потпиша договорот туку поднесе и забелешки, реагира Министерството за култура на информацијата за одложување на Оффест од јуни во ноември.

„Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и  за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство.

Министерството за култура има разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните.

Впрочем, како што се случи и минатата година со Оффест, така и  годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализациоја на проектот“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе