- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 74НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт
Мини-турнејата на Трпчески и Венгеров заврши во Париз

„Одамна се знаеме со Симон и сме прекрасни пријатели од почеток. Со некои луѓе веднаш се воспоставува хемија и ова е таков случај. Долго време се надевавме дека ќе работиме заедно и еве се случија минатогодишниот настап во Белгија и оваа прекрасна мини тура концерти во Лондон, Њујорк и Париз. Ми беше позната комплетната работа на Симон и во него препознав многу сензитивен партнер. Навистина се надевам дека ќе свириме и во иднина, дека можеби ќе успееме нешто заеднички да снимиме, а и повторно би сакал да дојдам во неговата родна Македонија“, рече Венгеров.
Трпчески, пак, возврати на честа и задоволството да ја дели сцената со еден од најдобрите виолинисти на сите времиња.
„Оваа година навистина не можеше да почне поубаво. Ова е доказ дека соништата се остваруваат. На најпрестижните сцени настапив со Максим Венгеров. Чест е да се настапи со него. Освен 40-годишната кариера, тука се и неговата едноставност и големо срце што исто се чувствува на сцена во неговата исклучителна интерпретација на музиката. Се радувам што нашата искреност и фантастичното поврзување на сцената толку убаво беа препознати и од публиката“, изјави Трпчески, кого наредниот месец го очекуваат гостувања во Германија и Ерменија.
Музика
Објавено на
28 Јануари 2022 - 07:48