Миниконцерт на музичари од регионот на Фејсбук (ВИДЕО)

Група музичари од регионот, Европа и Америка преку фејсбук профилот на магионичарот и вокалист, Гого Реквием денеска од 19:30 часот ќе одржат мини концерт насловен „Од пријател до пријател".

Иницијативата ја покрена вокалот на групата  Реквием, Гого Георги Гавровски, а како што наведува тој во соопштение, целта е на публиката ширум Балканот и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба, и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика.
 
На фејсбук профилот на Реквием ќе има линк за следење на концертот.
 
„И покрај настанатата ситуација со корорнавирусот, група музичари од регионот реши да направи нешто несекојдневно. Денеска сите заинтересирани ќе имаат можност да го видат мини концертот на голема група музичари од целиот регион, Европа и Америка на интернет и тоа преку фејсбук. Песните се свираат онлајн, а потоа сите отсвирени мелодии и испеани вокали ги ремиксира и синхронизира Гого Реквием“, се наведува во соопштение на Реквием.

Тој посочува дека во пресрет им излегоа колеги од земјава, но и од регионот Хрватска, Босна, Србија. Имаат гостин од Германија и од Америка.

„Меѓу нашите музичари прв излезе во пресрет Петар Младеновски“, повеќе познат како Пеце Суперхикс.

Тука е и Урош Вељковиќ, тапанарот на Стил Темпл, Жарко Јакимоски, вокалот на групата Бекдор. Нашата публика ќе има можност да слушне многу познати екс ју и странски хитови отсвирени и отпеани во живо преку интернетво акустичен стил, наведува организаторот.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе