Меѓународниот фестивал на класична гитара во Скопје

ЈУ Детски Kултурен Центар „Карпош" со поддршка од Град Скопје е организатор на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло" што од денеска до 12 мај ќе се одржи во Скопје.

„Фестивалот ги обединува љубителите на класичната гитара, студенти, наставници, не само во Скопје и Р.С. Македонија, туку и пошироко. Со текот на годините фестивалот прерасна во престижен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара, а тоа се одразува на прогресивноста на настанот кој секоја година се надминува. Со успешна реализација на Фестивалот „Тремоло” Детскиот Културен Центар „Карпош” дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата“, се вели во соопштението од Детскиот културен центар.

Оваа година се навршуваат 10 години од постоење на овој престижен фестивал, а од ДКЦ се надеваат дека ќе го достигнеме нивото по примерот на светските фестивали.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат три концерти. Покрај концертите ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Оваа година членови на жирито и мастер часови ќе одржат прочуените гитаристи :Бојан Ивановски-Србија, Вилијам Џенкс –Америка, Никлас Јохансен – Данска, Бошко Радојковиќ – Србија, Столина Добрева –Бугарија, Дарко Багески – Република Северна Македонија, Ерхан Мујка- Косово, Борче Наумоски – Република Северна  Македонија.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе