Одбележување на Меѓународниот ден на џез музиката во Битола

Јавната општинска установа Културно-информативен центар-КИЦ, Меѓународниот ден на џез музиката годинава ќе го одбележи со изложба на фотографии „Џезтетика" на фотографот Татјана Ранташа. МКЦ - Биотола Меѓународниот ден ќе го одбележи со концерт на Тони Китановски Трио.

Од ЈОУ КИЦ-Битола информираа дека изложбата ќе биде отворена на пладне пред платото на Офицерскиот дом во Битола, а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет", со познатите џез артисти Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.

„Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џез музиката кој вклучува над 1.000 настапи и концерти во повеќе од 190 држави во светот,“ соопштија организаторите на културниот настан

Меѓународниот ден на џезот, со концерт на Тони Китановски Трио ќе го одбележат и МКЦ-Битола.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе