Медиумите во Швајцарија за беспрекорниот настап на Ана Дурловски

Женевските медиуми во суперлативи пишуваат за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловска за нејзината изведба на Marguerite de Valois во операта „Хугените" („Les Huguenots") на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer.

Таа привилегија ја имаа само околу 1.000 посетители на Grand Theatre de Geneve, бидејќи швајцарските власти превентивно, поади опасноста од коронавирусот, забранија собири на повеќе од 1.000 луѓе. Критичарите во суперлативи ја опишаа нејзината интерпретација. Велат „ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, особено кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул, толкуван од Американецот John Osborn.”

Свесни дека денес операта „Хугените"  (Протестанти) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера да ја освежат со сместување на дејството во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се случува дејството ќе го опуштаат гледачот. За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.

За крај, главниот збор повторно го даваме на швајцарсите критичари. Тие велат дека John Osborn, Rachel Villis-Sørensen и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Marc Minkovski.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе