Винарија Камник

Марио Бионди на 12 јуни на прв концерт во Скопје

Марио Бионди својот прв концерт во Македонија ќе го одржи на 12 јуни пред винарија Камник со почеток во 21 часот.

Овој пеач и текстописец со раскошен и уникатен глас ќе го претстави својот нов албум „Романтик“ издаден во март, а создаден во соработка со фантастичните музичари Масимо Грек и Давид Флорио. Проектот „Романтик“ е целосно посветен на љубовта, изразена преку специфичниот свет на Марио исполнет со звуци од седумдесеттите.
„Грст музичари, прекрасни женски вокали, песни што нè носат на спектакуларно патување низ времето, потсетник на звукот од седумдесеттите што нè инспирира и нè тера да ја достигнеме извонредноста на соул музиката“, вели Марио за својот нов албум.
Марио Бионди е италијански пејач и кантавтор со силен и уникатен глас, кој оправдано го споредуваат со Бери Вајт. За него уште се вели дека е икона и уметник кој ќе остави единствен белег на музиката на 21 век.
Првиот деби албум го издава во 2006 година и оттогаш има безброј продадени албуми и распродадени концерти низ светот. Музичките потфати на Бионди му дадоа можност да настапува заедно со италијанските великани како Калифан, Бонгост и Фиорел, како и со американската легенда Реј Чарлс и Чака Кан.
Концертот на Марио Бионди се организира во соработка со Musicology Sessions. Влезниците се веќе во продажба и достапни се на mktickets.
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе