СОКОМ

Манифестацијата „Струшка музичка есен“ ќе го истражува односот на музиката и поединецот

Со тематски наслов „Музиката и поединецот“ од 08 до 10 септември 2017 во хотел „Дрим“ во Струга ќе се одржи 42. издание на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“. Организатор на манифестацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, а селектори годинава се д-р Мирјана Павловска - Шулајковска и м-р Елени Новаковска.

„Поаѓајки од постулатот дека индивидуата го поттикнува развојот на општеството, оваа година се насочуваме кон поединците кои го насочиле или измениле текот на развојот на музичката уметност и тоа од повеќе аспекти преку нивните продукти, процеси, дела. Повикавме автори чии трудови ќе се осврнат на делувањето на индивидуите кои извршиле одредени влијанија врз различните аспекти кои ја допираат музичката уметност, при тоа не ограничувајќи се само на прогресивните и позитивните креации, туку и на негативните влијанија“, соопштија од СОКОМ.

Од тој аспект на годинашната „Струшка музичка есен“ ќе се истражуваат индивидуите кои покренале одредени процеси кои резултирале со нови или ретроградни дејствија во музичкото образование, музичката теорија и педагогија, развојот на композиторската мисла, творештвото, интерпретацијата, популаризацијата на музичката уметност, музичката критика, културната политика и музика, развојот /стагнацијата и популаризацијата на музичките жанри, континуитетот /дисконтинуитетот на музичките практики, зачувувањето /уништувањето на музичкото културно наследство, етномузикологијата/ антропологијата, етноорганологијата, етнокореологијата, медиевистиката, медиумите и музиката.

Како и секоја година, во рамки на конференцијата ќе бидат одбележени јубилеите на македонските творци и тоа: 80 години од раѓањето на композиторите Благој Цанев и Сотир Голабовски и на музичкиот писател Јелица Тодорчевска, 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот и музиколог Драгослав Ортаков, 70 години од раѓањето на композиторот Илија Пејовски и 60 години од раѓањето на музикологот Марко Коловски.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе