„Малеш“ - ново оро на зурлаџијата Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од најпознатите зурлаџии кај нас и уметник кој соработува скоро со сите пејачи и групи во Македонија... Џељо Дестановски, кој е дел и од ансамблот „Танец", сними видеоспот за неговото ново оро „Малеш".

Неговите колеги и публиката кои добро го познаваат за овој негов најнов проект ќе кажат дека во целост го отсликува неговиот темперамент како музичар, а посебен печат на ова оро даваат звуците на зурлата и кавалот, двата омилени инструменти на Дестановски.

Музиката е на самиот Џељо, снимена во студиото на Горан Мирковски, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Илиевски, кој заедно со Златко Димитријоски, тамбура, се и специјални гости во видеозаписот снимен на сцената на МОБ од „Арт Студио”.

Дестановски освен што периодов е ангажиран со промоцијата на најновото оро, за љубитељители на убавиот народен мелос најавува и многу настапи во и надвор од Македонија.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе