Македонскиот саксофонист Григори Ангелов на европски натпревар во Солун

Mакедонскиот талентиран саксофонист Григори Ангелов ќе се натпреварува на европскиот Лајонс натпревар Томас Кути. Музичкиот натпревар ќе се оддржи во рамките на Лајонс Европа форум 2021 во Солун , Грција од 7 до 9 октомври.

Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките  на Европскиот Лајонс форум со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 25 години и секоја земја предлага еден претставник.

Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по инструментот саксофон. Натпреварот ќе се реализира на Солунскиот државен универзитет и завршниот концерт ќе се реализира во Концертната сала на Солун. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори по саксофон.

Григори Ангелов е од класата на професорот Владимир Трајановски. Тој е добитник на значајни награди за млади музичари во Македонија и Србија и посетувал бројни мастер класови кај познати професори од Германија, Словенија, Хрватска, Грција и Србија.

Неговото натпреварување е поддржано од македонскиот Лајонс дистрикт 132. Национален координатор на музичкиот натпревар е Пламенка Трајковска.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе