МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРЕЦ

Македонскиот хип-хоп документарец „Сложувалка“ е поставен на Ју тјуб (ВИДЕО)

На глобалната видео платформа Ју тјуб (You Tube) за слободно гледање е поставен македонскиот документарен хип-хоп филм „Сложувалка“ (The Puzzle), во реализација на неформалната организација „Хип Хоп Македонија“, а во режија на Александар Ковилоски.

Документарниот хип-хоп филм „Сложувалка“ трае 37 минути и својата премиера ја доживеа на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во 2015 година во Скопје. Потоа филмот беше учесник и на повеќе филмски фестивали во Македонија, регионот и пошироко во Европа, од каде се здоби со неколку награди и признанија.

Одлично прифатен од македонската хип-хоп генерација, филмот претставува обид да се навлезе во суштината на хип-хопот на овие простори преку интервјуа со најпознатите македонски рап-артисти од осамостојувањето на Македонија до денес.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе