Македонскиот бенд „Визија“ со концерт во Франција

Македонскиот бенд „Визија" ќе одржи концерт во Дижон, Франција каде што во рамките на "Europe Convergence" за прв пат ќе го претстави својот репертоар пред француската публика.

Концертот е закажан за 18 мај, со почеток во 21 часот во „Péniche Cancale". Покрај Визија, во рамките на „Europe Convergence" во периодот меѓу 15 и 19 мај концерти ќе одржат и бендовите „Fenc/s" (Франција), "No reception" и "Caligo Quartet" (Грција). Во претходните неколку денови, шанса да ги слушне сите овие бендови имаше и македонската публика, откако беа одржани неколку концерти на различни локации во Скопје.

Бендот „Визија“ постои неполни 8 години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а неодамна настапија и на престижниот фестивал „Егзит“ во Србија.  

 

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе