„Љубојна“ обновува уште една божиќна песна

Традиционално и годинава се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија цел е да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Божиќ. „Христос се роди денес“ е насловот на годинашнава каланда, односно божиќна песна, која потекнува од некогашна Смирна.

Како што соопшти Здружението, станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“. Од втората половина на 20 век, традицијата на пеење на оваа песна згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ.

Песната во студио ја подготвуваат групата „Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје.

„За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божиќ. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“, изјави Вера Милошевска од „Љубојна“.

Наскоро се очекува да излезе и спот за песната. 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе