„Либертанго“ – приказна за љубовта, страста, силните емоции

Маестрален настап на фестивалот „Охридско лето" синоќа приреди Националната oпера и балет на Македонија поставувајќи ја балетската претстава „Либертанго" на музиката на еден од најекспонираните претставници на тангото, Астор Пјацола.

 

Публиката се воодушеви од мајсторските изведби на Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, но и на сите уметници кои совршено владееја со сцената.

„Либертангото“  ја долови приказната за создавањето и патот на тангото на кое токму Пјацола му даде нови жанровски димензии и го доведе до совршенство.

Преку животниот пат на семејството Пјацола, приказната поставена на Долни Сарај  предизвика силни емоции, ја донесе љубовта, страста,желбата, љубомората...

Кореографијата за балетската претстава „Либертанго“ ја работеше познатата италијанска кореографка и поранешна балерина, Сабрина Боско со асистентите-кореографи Горан Божинов и Олга Панго, а либретото за животна приказна на композиторот Пјацола и режијата се на Наташа Поплавска.

„Либертанго“  е една од најпопуларните танго-композиции на 20-от век.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе