Легендарниот гитарист Еди Ван Хален почина на 65-годишна возраст

Еди Ван Хален, славниот гитарист и коосновач на популарната рок-група Ван Хален, почина од рак, објави неговиот син.

Холандско-американскиот музичар се лекуваше од рак на грлото.

Неговиот бенд, Ван Хален, е најпознат по песната Jump, која се најде на врвот на американските топ-листи во 1984 година.

Неговиот син Волфганг му оддаде почит на социјалните мрежи, велејќи дека тој е најдобриот татко што некој може да го има.

„Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да се опоравам целосно од оваа загуба. Многу те сакам, тато“, напиша неговиот син.

Веб-страницата со вести за познати личности ТМЗ, која прва ја објави веста за неговата смрт, објави дека Ван Хален починал денеска во болницата Сент Џонс во Санта Моника опкружен со своето семејство.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе