Фронтменот на Атомско склониште

Лангер: Аки Рахимовски планирал да патува за Скопје

Фронтменот на легендарната рок-група Атомско склониште од Пула,  Бруно Лангер, изјавил дека Аки Рахимовски, пејачот на Парни ваљак, еден од најтиражните бендови во поранешна Југославија, планирал да патува за Скопје бидејќи мајка му е болна. Скопјанецот Рахимовски почина ненадејно вчера утрото во Ново Место, Словенија на 67 години. Тој ќе биде погребан во Загреб каде најдолго живееше и каде се одвивеше неговата кариера. Телеграми со сочувство до неговите најблиски стигнуваат од секаде, телеграми испрати и хрватскиот државен и политички врв.

Бруно Лагнер вели дека веднаш, по веста за смртта на неговиот добар пријател Аки, се слушнал со тапанарот Гарабет Тавитијајн кој му рекол дека  Аки планирал утре (за денеска се работи, н.з.) да патува за Скопје за да ја види својата мајка која е болна.

„Затоа Аки често патуваше за Скопје“, рече Лагнер,

Тој во изјава за „Глас Истре“ се присети на годините кога Аки служел војска во Љубљана, а бендот „Атомско склониште“"  го снимал својот втор албум токму во главниот град на Словенија.

„Нашиот тапанар Саша Дадиќ секој ден одеше во касарната и го извлекуваше Аки. Се дружевме во студиото, како и по снимањата. Тој беше првиот кој ги слушна тогашните наши студиски снимки. Аки имаше големи планови со Парни ваљак и постојано велеше дека одвај чека да излезе од војска“, рече Бруно Лагнер,

Трј ја потсети јавноста дека Аки Рахимовски беше многу хуман човек и дека бил амбасадор на Дауновио центар во Пула.

„Не може да се каже колку всушност нашиот Аки беше голем човек и колку многу идеи и планови имаше тој. Едноставно, секогаш беше таму каде што требаше да се биде. Замина голем рокер“, рече фронтменот на Атомско склониште Бруно Лагнер.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе