КУД „Илинден“ во најдолгото оро за Гинис

Членовите на културно-уметничкото друштво „Илинден" од Битола, како учесници на Фолклоријадата во УфA, Русија, беа дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот.

2.700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа дел од ова оро. Со овие бројки на учесници беа срушени два гинисови рекорди. Едниот рекорд е по број на националности кои играа  на орото, а другиот по број на држави. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57 зашто се приклучија и туристи од  други држави кои го следеа  фестивалот. 

КУД „Илинден" имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена на оваа светска Фолклоријада, шеста по ред која годинава се одржува во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник  од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои скоро седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе