Концертот на ученици со Македонската филхармонија е со наслов „Младите доаѓаат“

Македонската филхармонија на 07 декември (четврток), во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија. Концертот носи наслов „Младите доаѓаат“, а зад диригентскиот пулт ќе застане маестро Фи Фи Ле.

На програмата на концертот се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс. Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: Сања Димова - соло пеење (III средно), Наоми Георгиевска - виолина (II средно), Александар Витанов - труба (II средно), Ирина Павлова - виолина (III средно), Анел Селим - кларинет (IV средно), Дарко Гроздановски - виолина (IV средно), Арда Мустафаоглу - пијано (I средно) и Ивона Базгалоска - пијано (IV средно), сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе