Oхридско лето

Концертна вечер со дуото „Австрија“ во предворјето на „Света Софија“

Дваесеттиот ден од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето" резервиран за настапот на дуото „Австрија" во состав Тимна Брауер на гитара и вокал и Елијас Меири на клавијатури, перкусии, мелодика и пратечки вокал.

Тимна Брауер е родена е во Виена, Австрија во израелско-австриско семејство, првите години од животот ги минува во Париз, матурира во француската гимназија во Виена, а продолжува да студира гитара, пијано и соло пеење на Конзерваториумот во Виена. Магистрира музикологија на престижната Сорбона во Париз, а се усовршува на мајсторски курсеви со бројни класични оперски пејачи: Елизабет Грумер, Симон Бади, со Кристиан Легранд се усовршува во областа на џезот, Индиски вокали со проф. Џавхери во Минхен.

Роден во Израел, Елијас Меири започнува да учи пијано на пет годишна возраст. Како резултат на неговиот апсолутен слух, многу бргу ја совладува уметноста на импровизација. Димпломира на конзерваториумот „Талма-Јалин“ во Тел Авив, а се усовршува на престижниот колеџ „Беркли“ во Бостон. Во Њујорк настапува со џез-ѕвездите: Дизи Гилеспи, Дејв Либман и Стив Гросман. Покрај неговите настапи со Тимна Брауер, Меири настапува како солист и со различни џез формации. Предава пијано, вокална изведба и џез импровизации,  а посветен е на компонирање, ЦД продукција и техники на звук.

Дуото „Австрија“ е формирано во 1985 од кога уметниците Брауер и Меири настапуваат на концертните сцени низ целиот свет. Изведуваат светска музика, шансони, детски концерти но, пред сѐ еврејска музика со целиот нејзин раскош и разновидност. Нивниот последен заеднички проект е ЦД-то со наслов „Песни за мир“  издадено од Дојче Грамофон во 2015 година.

Концертот на дуото „Австрија“ ќе се одржи на сцената во предворјето на „Света Софија“, со почеток од 21 часот.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе