Концерти на Тони Китановски и на Ема Попивода на МОДОАРС 2020

Два концерта, на Тони Китановски и на Ема Попивода, ќе се одржат во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2020.

Настапот на Китановски е вечер од 21:30 часот во скопското кафуле „Излет“, додека на Попивода утревечер во истиот термин, но на платформа на плажата Куба Либре во Охрид.

Тони Китановски е еден од нашите најпознати џез музичари со интернационална кариера и во рамките на МОДОАРС 2020 ќе има солистичка изведба на гитара.

Ема Попивода е пијанистка која бележи бројни концерти во земјава, но и низ целиот свет. На концертот ќе изведе композиции за пијано на познати теми од легендарната група „Битлси“. Гостин на концертот ќе биде поетесата Наташа Сарџоска.

Концертите ќе бидат на отворен простор согласно сите протоколи за заштита од ковид-19.

Фестивалот МОДОАРС кој оваа година ги поддржува исклучиво домашните уметници, ќе издаде и аудио издание – ЦД со композиции од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски. 

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе