Концерт за четирирачно пијано со Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска

Во камерната сала на Македонската филхармонија, овој петок (21 декември) во 20 часот, ќе се одржи концерт за четирирачно пијано со едни од најистакнатите македонски пијанистки - Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска. На програмата се: свитата „Оревокршачка" од Чајковски/Лангер, „Карневал на животните" од К. Сен-Санс/Л. Гарбан и Македонска парафраза бр.2 од македонската композиторка Бете Илин.

Елена Атанасовска-Ивановска и Марија Ѓошевска успешно ја претставуваат и ја афирмираат нашата земја и надвор од нејзините граници. Нивната соработка започнува сосема наивно и ненаметливо уште во Нижото музичко училиште преку изведба на Концертот за две пијана на Ј.С.Бах BWV 1060, за да се круниса со настап со Македонската филхармонија, каде што ставовите од концертот на Бах во ф-мол ги делат меѓусебно.

Многубројни се и полурециталите што ги даваат во Нижото музичко училиште и во Средното музичко училиште во Скопје и низ Македонија. На Факултетот за музичка уметност, пак, во класата на проф. Борис Романов, започнува нивното заедничко дружење преку музиката, каде што постојано се придружуваат на сите клавирски концерти кои бараат пијано-придружба. Дуото официјално започнува да концертира на фестивалот „Златна лира“ во 2009 година. На нивниот репертоар за навистина краток период се најдоа речиси сите капитални дела од светската литература за две пијана.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе