Скопско лето

Концерт во Сули ан на „Бјонко и Балканбит бенд“ од Данска

Kларинетистот од Данска кој потекнува од Битола, Бјонко Стошиќ Петерсен, ќе настапи со својот бенд  „Bjonko & The Balkanbeat Band“ вечер од 21 часот во Сули ан. Концертот е во рамки на „Скопско лето“  и во соработка со „Локум фест“.

Бјонко Стошиќ е  роден и израснат во Копенхаген, а потекнува  од семејство на музичари од Битола. Ментор му бил познатиот македонски кларинетист Чапче Наумовски, чиј балкански звук и свирење по фрази се типични за јужномакедонскиот регион.

Бјонко настапувал на најголемите дански музички фестивали и е добитник на данската награда за настапи во живо на „DMA World“ во 2015 година. Соработува со бендови и артисти од секаков жанр, од авангардни експерименти до спој на  традиционалната балканска музика со модерниот западен рок, поп и хип-хоп.

Повеќе од две децении тој на скандинавската музичка сцена ги носи балканските ритми на кларинет и саксофон. Покрај него, во бендот „Bjonko & The Balkanbeat Band“ се и: Расим Дураковиќ – хармоника, Расмус Ларле Дамсгард – бас, Расмус Волден – гитара и Микел Вилингсхој – тапани.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе