Концерт во изолација со Дино Имери во Музеј на македонската борба

Утре  со почеток во 18 часот, во Музејот на македонската борба ќе настапи реномираниот македонски пијанист Дино Имери. Ексклузивниот настап во живо под наслов „Концерт во изолација“ ќе содржи изведби на дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и други. Концертот којшто ќе се одвива во салата на музејот, публиката ќе може да го проследи во живо преку профилот на музејот на социјалната мрежа фејсбук. 

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ - Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Добитник е на голем број награди и признанија, а бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија. Од декември 2018 се стекнува со звање доцент и предава повеќе предмети од областа на Пијано, Камерна Музика, Корепетиција и Пијано во контекст на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе