Концерт во Филхармонија посветен на 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска

Вечерва во Филхармонија во рамки на 30-годишнината од воспоставување на дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска се одржа концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија.

Настанот беше отворен со изведба на македонската и хрватската државна химна, по што се обратија двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Гордан Грлиќ Радман.

„Годините се само бројка, тоа се три декади одбележани со доверба но и со политичко, економска и културна соработка. Три декади со кои нашите две земји се соочуваат со слични предизвици да обезбедат пристојна иднина за своите граѓани. Европските и евроатлантските интеграции се во сржта на развојот и на двете земји. Оттука не само што нам ни е потребно туку за нас се и очекувана силната и недвосмислена поддршка на Хрватска што во континуитет ја изразува за нашата европска и евроатлантска перспектива,“ истакна Османи во своето обраќање.

Тој додаде дека кога се гради искрено и трајно пријателство на здрава и цврста основа тоа е пријателство што се надградува и расте постојано.

Хрватскиот министер Радман посочи дека со Османи секогаш имаат одлична соработка, на сите средби, а особено на средбите поврзани со НАТО, како стратешки сојузници на НАТО Алијансата.

Настанот продолжи со настап на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе