Концерт во чест на Тоше Проески во Крушево

Третиот ден од манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република" помина во знакот на ликовната уметност, со презентацијата на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески.

Пред споменикот „Македониум" на Гумење во Крушево се одржаа ликовна изложба и презентација на модни креации, подготвени од студенти од Технолошко-техничкиот факултет, од Катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и од млади од Крушево.

Потоа на т.н. „летна сцена" во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл" од Влатко Груевски – тенор, и Андреј Наунов на пијано. Концертот, како и секоја година, е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Во рамки на четвртиот ден од манифестацијата, денеска е програмата на влашката заедница. Програмата, проследена од влашки песни, е вечер, од 20 часот, на летната сцена пред Музејот на НОБ во Крушево на Гумење. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе