Во Филхармонијата

Концерт во чест на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало

Во чест на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, со македонскиот тенор Благој Нацоски, по повод одбележувањето на 60-години од воведувањето на настава на италијанскиот јазик и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, денеска во Филхармонија ќе се одржи оперски концерт, што е организиран од страна на италијанската амбасада.

Настанот е завршен дел на меѓународната конференција „Италијанистиката во третиот милениум: Новите предизвици во јазичните, книжевните и културолошките истражувања".

Тема на концертот ќе бидат оперските дела на Руџеро Леонкавало (1857-1919), еден од најважните претставници на мелодраматичниот варизам, како комеморација на стогодишнината од смртта на наполитанскиот музичар.

Познатиот македонски тенор Благој Нацоски веќе долги години е во Италија, настапувал во престижни меѓународни театри, како „La Scala“ во Милано, „La Fenice“ во Венеција и „New York City Opera“. Во 2008 година од страна на Владата во Скопје му е доделена почесната титула "Амбасадор на македонската култура", а во неговата скоро дваесетгодишна кариера може да се пофали со бројни соработки со важни диригенти. Во оваа прилика ќе го придружуваат Дино Имери на пијано и сопранот Хелена Суша.

За време на концертот ќе има и говори за животот и делото на Леонкавало, на македонски и на италијански јазик. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе