Концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Оваа година здружението „Љубители на класичната музика" Скопје по десетти пат организира концерт по повод интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника. Концертот по повод Светскиот ден на хармониката ќе се одржи вечер на Големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје.

На концертот ќе настапат реномирани уметници од земјата како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата ќе бидат изведени дела од: Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола и други.

Концертот е поддржан преку националната годишна програма за култура на Министерството за култура.

Светската Унија на хармоникашите одлучи 6-ти мај да го прогласи за светски ден на хармониката во 2009 година. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот. 

 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе