Ќе бидат изведени и дела од музичарите Васил Атанасов (обоа), Марија Јакимовска (флејта), Ристо Ѓоревски (кларинет), Орце Ицковски (фагот) и Александар Гошев (хорна).
Скопскиот дувачки квинтет концертира четири децении, а од 2002 година е раководен од обоистот Васил Атанасов.
Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои специјално напишани за овој ансамбл.