Охридско лето

Концерт на романското дуо Петру Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со класичниот репертоар и романскиот дует Петру Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано.

Романскиот контрабасист Петру Иуга е еден од најуспешните музичари од неговата генерација. Уште за време на студиите во Романија е забележан од Јехуди Мењухин и Алберто Луси кој го пријавува на Интернационалната музичка академија „Мењухин“ во Гштаад (Швајцарија). Студиите ги продолжува на Високата школа за музика и уметност во Берлин и на Конзерваториумот во Париз каде станува член на Парискиот камерен ансамбл и набргу потоа прв контрабасист на Минхенскиот камерен оркестaр.

Иуга е носител на бројни признанија од светските натпревари за контрабас што му овозможува светска кариера и гостувања како солист со престижни европски оркестри меѓу кои и Лондонскиот симфониски оркестар. Работи како професор на Универзитетот во Манхајм и е гостин предавач на Високата школа за музика во Лозана (Швајцарија). Одржува бројни мајсторски курсеви низ целиот свет во Русија, Италија, Португалија, Израел, Јапонија, Уругвај, Кина и Канада. Снима неколку ЦД-а како камерен музичар и често соработува со врвни музички имиња. Неговиот изум „Ерго бас“ го користат многу музичари во светот и тој е еден вид потпора за контрабасистите кој им помага да свират во ергономска и физички подобра позиција.

Пијанистот Хориа Михаил дебитира со оркестар на 10 годишна возраст во неговиот роден град Брашов, а до денес настапува како солист со сите оркестри во Романија вклучително и Филхармонијата „Жорж Енеску“ и оркестарот на Романското радио. По студиите на Музичката академија во Букурешт во класата на Константин Јонеску-Вову, тој заминува во САД каде ги завршува магистерските студии на Универзитетот во Илиноис работејќи со Иан Хобсон. Во 1999 година добива диплома и на Универзитетот во Бостон каде студира под менторство на Антони ди Бонавентура.

Покрај студиите по пијано, тој е дипломец и на Колеџот за математика и физика во Брашов. Победник е на бројни натпревари, и стипендиран е во целост на сите институции за високо образование кои ги посетува. Настапите го водат во повеќе од 24 земји на 4 континенти, а истите се пренесувани на радио и ТВ во Романија, Белгија, Англија, Данска, Унгарија и САД.

Откако поминува три години во Бостон како предавач на универзитетот во овој град, Хориа Михаил се враќа во Романија каде во 2009 година е назначен за пијанист-солист на Националниот радио оркестар. Во моментот делува како Уметнички директор на Филхармонијата во Брашов, советник за култура на градоначалникот на Брашов и директор на фестивалот ТАМТАМ.

Концертот е од 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе