Концерт на „Проект Жлуст“ по пауза од десет години

Македонската група „Проект Жлуст“ по десет години пауза вечер од 21 часот ќе има концерт во „Котур кафе и филм“.

Ќе бидат изведени композиции на членовите Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонски и балкански фолклор, звуци на класичната европска традиција во  романтичарски манир.

Специјален гостин ќе биде францускиот музичар Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави со голем број одржани концерти и неколку изданија.

Покрај Иван Бејков (контрабас, бас-гитара), Џијан Емин (клавијатури)  и Оливје Самуилан (виола), на концертот ќе настапат и Виктор Филиповски (тапани), Ратко Даутовски (перкусии) и Иван Иванов (саксофон, кларинет).

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе