Концерт на пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека во Скопје и Битола

В сабота, 3 септември, со почеток во 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека.

Пијанистките ќе изведат богата програма со дела од Моцарт, Шуберт, Дворжак, Пуланк, Дебиси и Пјацола за четирирачно пијано, а в недела на 4 септември со почеток во 13 часот ќе настапат во Палатата на културата - Офицерски дом во Битола. Во 2019 година дуото настапи пред публиката во Бристол, Обединето Кралство, со избрани дела од музичката литература за две пијана.

Родена во Фиренца, Франческа Орландо е британско-италијанска пијанистка, која настапува на меѓународно ниво и како солист, корепетитор и како камерен музичар низ многу европски градови, вклучувајќи ги Лондон, Копенхаген, Будимпешта, Малта, Фиренца и Рим. Од нејзиниот дебитантски рецитал во Фиренца, на четиринаесетгодишна возраст, таа интензивно настапува во познати концертни сали како што се Вигмор Хол, Сент Џејмс Пикадили, Кралската академија за уметности во Лондон, салата Свети Џорџ во Бристол и како солист со Симфонискиот оркестар на Универзитетот Ексетер, Симфониски оркестар Бристол. Настапува на многу музички фестивали низ Англија, вклучувајќи ги музичките фестивали Петворт, Блумсбери и Дартингтон како дуо партнер со познатиот пијанист Стивен Озборн.

Пијанистката Мимоза Ќека, родена во Скопје, се истакнува како рециталист и камерен музичар, концертирајќи на голем број музички фестивали во Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Њујорк, а во 2022 година го објавува соло албумот NON-FUNGIBLE. Во 2019 година таа учествува во европскиот проект TEME одржан во Трст и Камерино, Италија, дел од програмата Музиката ја движи Европа (Music Moves Europe), а во текот на студиите учествува на голем број мастер класи во музички академии вклучувајќи ја Академија музикале чигијана во Сиена, Италија.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе