Концерт на нашите најдобри гитаристи, придружувани од ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот под диригентство на Џијан Емин

Концерт насловен – ЗЏМ биг бенд оркестра и македонските херои на гитарата ќе се одржи вечер со почеток од 21 часот во паркот пред Младинскиот културен центар во Скопје.

„Станува збор за несекојдневен и единствен настан кој на иста сцена ќе ги обедини сите најдобри македонски гитаристи, придружувани од ЗЏМ биг бенд оркестарот, под диригентство на Џијан Емин. Како што најавуваат организаторите, Петар Ренџов, Игор Атанасовски Харе, Венко Серафимовски, Димитар Божиков, Ади Имери, Зоран Костадиновски, Саша Спасовски Крокер, Предраг Икономовски, Влатко Стефановски и Александар Поп Христов се десетте македонски херои на гитара кои ќе бидат дел од овој настан кој ќе претставува своевиден самит на најдобрите гитаристи од Македонија“, најавуваат од Здружението на џез музичари и слободни уметници ЗЏМ Скопје.

На програмата ќе бидат изведени светски познати џез класици, аранжирани за Биг бенд изведба од страна на членови на ЗЏМ – Зоран Костадиновски, Трајче Велков, Гордан Спасовски, Сашко Николовски, Дамир Имери и Џијан Емин.

Билетите за концертот се веќе во продажба (online на kupikartizase.com, mktickets.mk, преку сајтот или на билетарата на МКЦ) и се во ограничен број, а се предвидени за седење, при што ќе бидат запазени мерките за заштита од ковид-19. 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе