Концерт на националниот ансамбл „Танец“ во Македонска Каменица

Со концерт на ансамблот „Танец“, по една ипол годишна пауза се вратија културните настани на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Како што беше истакнато на почетокот на концертот, настапот е дел од серијата концерти во новата сезона со симболичен наслов наречена „Враќање".

„Симболиката е во тоа што годинава е 100-годишнина од раѓањето на Блаже Конески, но, концертите се и во духот на почнување на новиот сценски живот по долгата глобална здравствена криза што се одрази на уметноста во целиот свет“, истакнаа од Националниот ансамбл пред присутните.
 
За организаторот на концертот, Културно-информативниот центар „Романса”, за големината на ансамблот „Танец” говори самиот факт што повеќе од седум децении претставува симбол на македонската култура и уметност. 
 
„Танец е најголем национален амбасадор на македонскиот фолклор и подвижен музеј на нашата духовна култура заради што секогаш се добредојдени каде што настапуваат“, додадоа од КИЦ „Романса”.
 
Покрај вокално-инструменталниот концерт во Македонска Каменица, "Танец" во наредниот период ќе има настапи и во уште неколку градови во Македонија. вс/сст/

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе