Концерт на младиот виолинист Александар Иванов

Oркестарот на Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи концертот насловен „Лезет“ на кој како солист ќе настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов. На програмата се „Психофонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба ќе се одбележат 80 години од раѓањето на авторот.

Концертот за виолина и оркестар во де-дур опус 35 од Ерих Волфганг Корнголд и „Гогољ суита“ од Алфред Шнитке. Диригент е маестро Борјан Цанев.

Александар Иванов е најмладиот добитник на наградата Виртуози во категоријата Млад музички уметник за 2015 година е роден во едно од најстарите музички семејства во Македонија. Во моментот тој е студент на Juilliard School во Њујорк, САД во класата на професорот Лори Смаклер.

Покрај големиот број државни награди, Александар е добитник и на значајни меѓународни награди како Лауреат на виолинскиот конкурс во Санкт Петербург, Прва и специјална награда од Дунавскиот симфониски оркестар, Будимпешта и многу други.

Александар Иванов посетува голем број мастер класови кај еминентни светски виолинисти: Ноа Џелер, Луис Каплан, Кшиштоф Венџин, Леонид Кербел, Светлин Русев, Вадим Репин, Надја Неволович, Стефан Миленкови...

Иванов одржал солистички настапи со Македонската филхармонија, со оркестарот на Музичката младина на Македонија, Дунавскиот симфониски оркестар, Класик ФМ радио оркестарот... Настапувал со диригентите Борјан Цанев, Марин Алсоп, Андраш дек, Веско Пантелеев – Ешкенази, Џошуа Гирсен, Марк Расел Смит, Пол Брајан.

Иванов постојано е присутен на македонската музичка сцена, но и надвор од неа. Во Виена има голем број солистички и камерни настапи. Настапувал на Европскиот музички фестивал во Софија, на фестивалот Охридско лето (како солист со Загребскиот гудачки квинтет), Виолин фест и Златна лира во Скопје, Curtis Summerfest, Philadelphia (како концерт мајстор на оркестарот) и снимал за WRTI Radio (live 90.1 FM), Филаделфија, САД. На отворањето на фестивалот Денови на македонската музика 2018 година му се укажува честа премиерно да го изведе виолинскиот концерт на младиот и талентиран композитор Филип Иванов.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе