Концерт на Македонскиот дувачки квинтет во КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечер ќе се одржи концерт на Македонскиот дувачки квинтет, јави дописникот на МИА од Софија.

На концертот ќе учествуваат Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – француски хорна, Димче Белчовски – тромбон и Александар Нинич – туба.

Македонскиот дувачки квинтет е формиран во 2017 година како иницијатива за правење музика во најпознатиот формат за камерна музика за дувачки инструменти.

Во својата кратка, но богата историја, бендот има многу настапи, од кои во Њујорк во 2018 и 2019 година и во Истанбул во 2021 година, како и серија концерти во Берово, Кочани, Скопје, Штип, Неготино и Куманово. Репертоарот на Македонскиот дувачки квинтет е составен од различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе