Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва, во рамки на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски.

Во Фоајето на Националната опера и балет, каде влезот на концертот ќе биде слободен, ќе бидат изведени и Пеома за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, Записи за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, Кончертино за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и Калеш Анѓо за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои три и пол децении и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Оркестарот реализирал преку 100 концерти и е добитник на бројни награди и признанија.

Диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе