вторник, 16 април 2024

Вучиќ: Во Сребреница се случи ужасно злосторство, Додик: Немаше геноцид (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес во Мостар дека во Сребреница се случило „ужасно злосторство“, но порача дека од Сараево не треба да го лажат народот и да кажуваат дека на пример тој пукал со снајпер над тој град.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изгледа дека Србија треба да се радува што во планираната резолуција за геноцид во Сребреница не се спомнуваат Србите. Па и ние нема да спомнуваме народи кога ќе поднесуваме резолуции за Јасеновац и Крагуевац“, кажа Вучиќ одговарајќи на прашање за резолуцијата за Сребреница.

На прашањето за политичките разговори кои ги имал во Мостар, тој спомна дека разговарал и со специјалниот претставник за разговорите на Белград и Приштина Мирослав Лајчак, дека ситуацијата е комплексна и дека тоа не се лесни разговори.

„Ние никого не напаѓавме и не обвинувавме, а гледате што му се случува денес на српскиот народ“, кажа Вучиќ и истакна дека е неопходно да се зачува мирот и соседните народи да не ја користат секоја прилика да се фаќаат за гуша.

Тој, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој зборуваше пред него, истакна дека секогаш ќе биде со РС, но му порача да причека да види дали нешто ќе се смени.

Кажа и дека Додик е во право во едно, дека не можат да се кршат законите во една земја и тоа околу најтешките прашања, а тоа да наидува на одобрување од надвор.

Додик претходно кажа дека „во Сребреница не се случил геноцид, инаку не би се зборувало толку дека се случил“ и дека граѓаните во РС не сакаат да живеат со „босанските муслимани кои толку срамно ги обвинуваат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ