Концерт на гудачкиот квартет „Молинари“ од Канада, во Скопје

Канадскиот музички центар при „Полифонија“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Канада од Белград, организира концерт на квартетот „Молинари“ од Монтреал, во рамки на одбележувањето на Канадските денови во нашата земја. Концертот ќе се одржи вечер од 20 часот во Камерната сала на Филхармонија.

„Молинари“ е резидентен квартет на Конзерваториумот за музика во Монтреал – ансамбл со меѓународни признанија од јавноста и од критичарите. Уште од основањето во 1997 година си поставува задача да презентира музика од ХХ и ХI век напишана за гудачки квартет. Опишан е од критичарите како „суштински“ и „продуктивен“ ансамбл, дури и како „канадски одговор на Кронос или Ардити квартет“. Етаблирајки се како еден од водечките ансамбли на Канада, квартетот настапува на бројни концертни серии и фестивали низ Канада, Европа и Азија“, соопшти Филхармонијата.

Во квартетот членуваат виолинистите Олга Ранзенхофен и Антоние Бареил, виолистот Фредерик Ламберт и виолончелистот Пјер-Алан Буврет.

Нивниот концерт во Скопје е поддржан од Амбасадата на Канада, Канадскиот совет за култура (Canadian Council for the Arts) и нашето Министерство за култура.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе