Концерт на флејтистката Билјана Камчева

Во Музејот на македонската борба вечерва ќе се одржи електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска. На концертот ќе настапи флејтистката и вокал Билјана Камчева.

Музиката е создадена во текот на 2021 година и содржи четири композиции со наслови „Perseid meteor rain“, „Dystopian illusion“, „Seeking Peace“ и „Butterfly Effect“.

Концертот е дел од годишната програма на Министерство за култура за 2021 година.

Композиторката Пандевска е родена 1985 година во Скопје. По завршување на средното образование во МБУЦ „Илија Николовски Луј“, добитник е на стипендија за двомесечен престој во САД, во,,Interlochen Arts Camp“ на отсекот за композиција. Студиите по композиција на Факултетот за музичка уметност ги започнува во класата на проф. Гоце Коларовски, а продолжува кај проф. Јана Андреевска во чија класа дипломира во 2010 година. Во последните неколку години истражува во областа на електро-акустичната музика. Како редовен член на СОКОМ добитник е на повеќе награди за класична композиција. Од 2015  до 2021 година повеќе пати годишно има изведби на нејзините композиции од разни ансамбли и соло изведувачи. Во 2021 година, СОКОМ го издаде нејзиното прво авторско ЦД.

Камчева, која ќе ги изведе композициите од Пандевска, е пример на млад музичар активен со два профили на изведба, како флејтистка и како соло пејачка. Дипломира како студент на својата генерација (2015) и магистрира (2017) на ФМУ- Скопје, во класата на проф. Страшо Темков. Ректорот на УКИМ во 2015 година и доделува посебна пофалница за постигнат најдобар успех во студирањето (флејта). Паралелно со студиите на одделот флејта, студира и на студиската програма за соло пеење во класата на проф. Марија Наумовска и дипломира во 2016 година. Во 2015 година ја добива стипендијата „Петар Стаматов“ што ја доделувa УКИМ на своите најуспешни студенти. На сцената на МОБ дебатира во 2016 година со улогата на Јенте во мјузиклот „Свирач на покрив“. Како концертен солист со оркестарот на МОБ настапува во 2014 и 2016 година. Од 2019 година, Камчева е најмладиот почесен член на фондацијата Томислав Зографски. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе