Концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените

Популарни музички теми – инструментални и вокални композиции од познати филмови ќе бидат на програмата на концертот што Македонската филхармонија ќе го одржи на 14 февруари, за Денот на вљубените, насловен „Моја љубов".

Оркестарот ќе го води диригентот Борјан Цанев, а композиторот Владимир Николов специјално за концертот направи оригинални оркестрации.

„Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните грла на Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота, Крег Армстронг, Геби Верлор („Малена“, „Ромео и Јулија“, „Високи потпетици“) или оние на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години стекнаа светска популарност.., соопшти Филхармонијата.

Солисти ќе бидат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон). Музиката ќе биде збогатена со танц и кореографија на Ивана Коцевска и Јована Зајкова и со уникатен светлосен дизајн. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе