Koнцерт na Филхармонија посветен на Саша Николовски -Ѓумар, диригент Габриел Бебешелеа

Филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „Фанфари за еден пријател“ кој е посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар, еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа концерти.

Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски.

Со концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе биде промовиран и серијалот „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија. Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа, чија цел е преку овие разговори, пред почетокот на концертите, да ја запознае публиката со делата кои ќе бидат на програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции.

„Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води Бебешелеа.

Бебешелеа е шеф-диригент на Филхармонија на Македонија. Неговата репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови“, како и со неговата „Пасторала – фантазија за мал оркестар“. На 30-годишна возраст, беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Добитник е на првата награда на натпреварот за диригенти „Ловро фон Матачиќ“ во Загреб (2015), како и на првата награда на натпреварот на Музичката младина во Букурешт (2011). Бил и полуфиналист на натпреварот за диригенти „Донатела Флик“ на Лондонскиот симфониски оркестар (2014) и полуфиналист на натпреварот „Густав Малер“ со Бамберг симфонискиот оркестар (2016). Во 2011 година му беше доделена стипендија за да стажира со престижниот Концертгебау оркестар во Амстердам, каде што имаше можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман… Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе