Охридско лето

Концерт на џез-музикантите од „ЗЗ квартет" во предворјето на „Света Софија“

Музичко доживување малку поразлично од вообичаеното кога станува збор за „Охридско лето" нуди вечерашниот концерт на „ЗЗ квартет“ (ZZ Quartet) во предворјето на „Света Софија".

Музичкиот идентитет на овој квартет рефлектира и апсорбира различни музички стилови, но една од неговите најзначајни карактеристики е индивидуализмот и неверојатната умешност на неговите членови кој може да креира интимна или исклучително интензивна музичка атмосфера. Иако имаат различни музички подготовки кои вклучуваат џез, модерна класика и ворлд мјузик, тие соработуваат заедно на оригинални композиции но, понекогаш создаваат и неверојатни еднократни импровизации. Нивната музика ги брише границите помеѓу нотираната музика и импровизацијата, а на тој начин се создаваат звучни слики кои иако имаат некаква основа, ги поместуваат границите на модерната импровизирана музика.

Уметникот Ратко Зјача е наградуван гитарист и композитор кој зад своето име има бројни албуми снимени со некои од најзначајните артисти од светот на џезот и модерната импровизација. Сметан за иновативен музичар, Зјача, исто така е ценет за неговата исклучителна гитарска техника. Неговиот личен музички стил го прави неверојатен импровизатор, а тоа му носи бројни соработки во живо, а и на снимки со некои од најзначајните џез музичари на денешницата. Во 2019 година ја добива Наградата за достигнување, авторство и уметничка креација во областа на џез музиката која ја доделува Здружението на хрватски композитори.

Вид Јамник кој музицира на удиралки е роден во Словен Градец, Словенија во 1993 и дипломира на отсекот за џез студии од Универзитетот во Клагенфурт. Во 2011/12 учествува на пет месечна размена во „Еразмус“ програмата студирајќи на Институтот за џез во Берлин со Дејвид Фридман, а во 2015 година го издава првиот албум за Алеса рекордс. Во 2018 година дипломира џез композиција и џез интерпретација со највисоки оценки на бостонски „Беркли“. Во последните години неколку пати оди на турнеја во Тајван со „Мизформ проект“ со кој свират специфичен спој на традиционална тајванска музика и џез, а исто така креира специфичен проект наречен „Вива џез форма“ кој е фузија на звуци добиени од перкусии на метални скулптури со џез, техно и електронска музика. Дел е од повеќе бендови и групи како: Ратко Зјача дуо и квартет, You’ve got that swing со Еди Луис и Џез пасинџерс, Џез континуо и др. Вид Јамник е ексклузивен артист на Балтер Малетс.

Мартин Ѓаконовски на акустичен контрабас е роден во музичко семејство во Скопје. Тој е задоен со џез музиката од неговиот татко, Драган Ѓаконовски-Шпато кој е основач и раководител на Биг Бендот на Македонското радио, а и од неговата мајка која била џез- вокалистка. Започнал да учи класичен контрабас на 14 годишна возраст, но набргу на површина излегува неговата фасцинација од џезот и тој го формира својот прв бенд „Трио Шпато“. Во 1991 година се сели во Келн, Германија каде студира џез контрабас на тамошната академија, и набргу станува екстремно баран од страна на германските и светски џез музичари. Кариерата го носи низ целиот свет со значајни соработки со бројни артисти, а има снимено преку 150 албуми.

Како солист на тапани настапува Јоже Здравец, дипломец на Државниот конзерваториум во Клагенфурт. Има завидна кариера како инструменталист кој настапува на бројни интернационални фестивали со сите значајни словенечки музичари и бендови. Настапува во Швајцарија, Австрија, Хрватска, Србија, Германија, а учествува на работилници предводени од Грегори Хатчинсон, Вили Џонс, Били Харт, Џими Коб, Гери Барц, Боб Минцер, Армен Донелиан и Дон Менза. Од 2017 година предава тапани и ритам на одделот за џез музика на Конзерваториумот за музика и балет во Марибор.

Почетокот на концертот е во стандардниот термин од 21 часот. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе